• недела, 22 декември 2024

Левандовски потврди: Фокусиран сум на Барселона и следната сезона

Левандовски потврди: Фокусиран сум на Барселона и следната сезона

Барселона, 22 мај 2024 (МИА) - Фудбалерот на Барселона и полски репрезентативец Роберт Левандовски демантираше дека планира да го напушти каталонскиот клуб во летниот преоден рок.

Левандовски има договор со Барселона до 30 јуни 2026 година.

-Дали останувам? Се зборува за се, но мене не ме интересираат тие шпекулации. Фокусиран сум само на Барселона и следната сезона. Тоа е единственото нешто на што размислувам, изјави Левандовски.

Барселона оваа сезона нема освоено ниту еден трофеј.

-Знаеме дека можевме и моравме подобро оваа сезона, но сигурен сум дека следната сезона ќе бидеме многу подобри. Тоа е ново поглавје за нас и се што се случи оваа сезона е зад нас. Нашата цел е да се фокусираме на следната сезона, порача Полјакот.

Тој истакна дека ќе го гледа финалето од Лигата на шампионите меѓу Реал и Борусија Дортмунд на 1 јуни.

-Секако дека ќе навивам за Борусија, тоа е клубот за кој играв. Знам дека Реал е секогаш фаворит, но во фудбалот се е можно. Навивам за Дортмунд и се надевам дека ќе ја освојат Лигата на шампионите, заклучи Левандовски. дс

Фото: Архива

Остани поврзан