• петок, 05 јули 2024

Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“

Левандовски, Леброн, Надал и Хамилтон претенденти за наградата „Лауреус“
Берлин, 24 февруари 2021 (МИА) - Објавени се номининациите за престижната спортска награда „Лауреус“ за 2020 година. Номинирани за наградата во категоријата спортист на 2020 година се: - фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски, - светскиот рекет број два, Рафаел Надал, - кошаркарот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс - шампионот во Формула 1 и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон - атлетичарот и светски рекордер во скок со стап, Арман Дуплантис - тркачот од Уганда и светски рекордер на далечина од 10 000 метри, Џошуа Кипруи Чептегеј. Минатата година наградата ја поделија Хамилтон и фудбалерот на Барселона, Лионел Меси. Наградата „Лауреус“ често ја споредуваат со наградата „Оскар“. Таа се доделува во неколку категории. зс

Остани поврзан