Леброн го престигна Данкан и изби на второто место по плејоф-натпревари
- Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по бројот одиграни натпревари во плејофот во НБА.
Oрландо, 23 септември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по бројот одиграни натпревари во плејофот во НБА.
Третиот натпревар од финалето на Западната конференција против Денвер (106:114) за Џејмс беше 252. во плејофот.
Триесет и петгодишниот играч го престигна легендарниот напаѓач на Сан Антонио, Тим Данкан. П
Лидер на оваа листа е Дерек Фишер со 259 натпревари во НБА плејофот. зс/