• вторник, 05 ноември 2024

Ласо нема да биде присутен во арената за време на првиот натпревар од финалето против Барселона

Ласо нема да биде присутен во арената за време на првиот натпревар од финалето против Барселона

Мадрид, 13 јуни 2022 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо зборуваше за неговата здравствена состојба.

Како што пишува Ласо, тој нема да биде присутен на арената за време на првиот натпревар од финалната серија во шпанското кошаркарско првенство против Барселона.

-Јас сум многу добар, веќе закрепнувам, но денеска нема да бидам во Палау Блауграна, напиша Ласо на Твитер.

Претходната недела Ласо доживеа срцев удар, по што беше опериран.

Натпреварот Барселона – Реал е закажан за вечер во 21 часот. зс/

Остани поврзан