• понеделник, 23 декември 2024

Лагард: Централните банки и владите спречија катастрофа

Лагард: Централните банки и владите спречија катастрофа
Франкфурт, 19 октомври 2020 (МИА) - Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард изјави дека политиките преземени од централните банки и владите ширум светот за време на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот спречиле „катастрофална депресија“. Лагард рече дека преземените мерки „го апсорбирале шокот“ предизвикан од пандемијата во економијата. „Мерките за поддршка треба да останат на сила онолку колку што е потребно за да се избегне колапс на економијата и зголемена нееднаквост. Сепак, треба да ги препознаеме тековните промени што се случуваат и да го извлечеме максимумот од нив. Колку што можеме, сега ќе започнеме со трансформација на економијата, рече Лагард на економскиот форум на Б92. Таа истакна дека мерките за фискалнаta политика мора да останат на сила. - Во спротивно, ризикуваме хистерија на пазарот на трудот, непотребно губење на одржливите бизниси и зголемување на нееднаквоста, предупреди претседателката на Европската централна банка. Таа посочи дека економското закрепнување на еврозоната останува неизвесно поради новите бранови на инфекција со Ковид-19, што може да предизвика воведување построги мерки на социјално дистанцирање. Како што наведе, секторите како што се угостителството, прехраната и транспортот можат да бидат загрозени, а во еврозоната, „тие сектори создадоа речиси една петтина од работните места од 2013 година“. - Значи, не само што треба да ги заштитиме постојните бизниси, туку мора да создадеме и нови, кои ги одразуваат новите обрасци на побарувачка по пандемијата, рече Лагард. паг/  

Остани поврзан