„Лавиринт на уметноста 2“ низ постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам
- Во објектот Даут пашин амам на Националната галерија во тек е второто издание на музејската едукативна работилница „Лавиринт на уметноста 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта.
Скопје, 27 април 2023 (МИА) - Во објектот Даут пашинт амам на Националната галерија, во тек е второто издание на музејската едукативна работилница „Лавиринт на уметноста 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта.
Реализацијата на работилницата почна на 1-ви април 2023 и има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а одговорот се крие низ уметничкиот лавиринт на Постојаната поставка на Националната галерија.
Учениците, низ обиколка на нашата најзначајна збирка на уметнички дела, бараат одговори на поставените прашања. Целта е на оригинален и интерактивен начин да се запознаат со модерната македонска култура и ликовна уметност.
Учесници во работилницата се ученици од основните училишта „Кирил и Методиј“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Гоце Делчев“, „Вера Циривири Трена“, „Коле Неделковски“ во Скопје и други.
-Играта ќе трае до 18 Мај - Светскиот ден на музеите, кога по пат на извлекување ќе им бидат доделени стотина пригодни награди на учесниците кои ја решиле загатката и го пополниле прашалникот. Наградната игра и официјалното извлекување на добитници ќе се случи во Даут пашиниот амам, соопштија од Националната галерија. бт/сп/
Фото/Национална галерија