• четврток, 27 јуни 2024

Лабуристички кандидат суспендиран поради обложување дека ќе биде поразен на изборите

Лабуристички кандидат суспендиран поради обложување дека ќе биде поразен на изборите


Лондон, 26 јуни 2024 (МИА) - Скандалот околу обложувањето на датумот на парламентарните избори во Велика Британија доби бизарен пресврт кога кандидатот на Лабуристичката партија Кевин Крег призна дека се обложил дека ќе загуби во својата изборна единица.
Лабуристите го суспендираа Крег додека Комисијата за игри на среќа во Велика Британија продолжува да истражува серија наводни изборни облози пред општите избори на 4 јули, објави Политико.
Во изјавата на Крег, кој се кандидира во изборната единица Централ Сафолк и Северен Ипсвич, доскорешниот лабуристички кандидат призна дека се обложил против себе, со објаснување дека тоа било „за добротворни цели“. зш/

Остани поврзан