Курти го повика на консултации лидерот на Демократски сојуз на Косово, Абдиџику
- Претседателот на Движење Самоопределување, Албин Курти го повика претседателот на Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику на прелиминарни консултации пред конституирањето на Собранието на Косово

Приштина, 7 април 2025 (МИА) – Претседателот на Движење Самоопределување, Албин Курти го повика претседателот на Демократски сојуз на Косово, Љумир Абдиџику на прелиминарни консултации пред конституирањето на Собранието на Косово.
Тоа е прва официјална покана од Курти до некој од поранешните опозициски партии. Предвидено е консултациите да се одржат в среда или в четврток.
Курти претходно имаше состаноци со претставниците на малцинските заедници, но не се сретна со претставниците на Српска листа.
Парламентарните избори во Косово се одржаа на 9 февруари. ми/
фото: ЕПА