• петок, 22 ноември 2024

Купила стара јакна, а внатре - дневник на една несреќна љубов

Купила стара јакна, а внатре - дневник на една несреќна љубов

Лос Анџелес, 16 мај 2023 (МИА) - Тиктокерката Маја Зомер сподели лична приказна за необично откритие во кожна јакна купена во продавница за стари, користени, но добро сочувани производи. (Погледни видео)

- Сè уште не можам да верувам што имам во моите раце. Оваа кожна јакна ја најдов во продавница за употребени работи. Совршено ми одговараше, па ја купив и си ја однесов дома, вели таа.

Дома ја прегледала јакната и џебовите биле полни со дребнулии, меѓу кои и мал, стар бележник - дневник на една несреќна љубов.

- На првата страница од овој мал дневник пишуваше: „Четврток, 11 ноември 1971 година“... Мојот сон е да ја знам историјата зад облеката. Тоа е како временска капсула од 1971 година и со секакви потресни записи во дневников од претходниот сопственик, продолжи наоѓачката.

„Помина една недела, а Дајан не ми се јавила, ниту ми прати СМС“, вели непознатиот маж, а во следниот запис вели: „Денеска ќе беше нашата деветта годишнина и 10 години заедно. Сам се опијанив“.

Маја во претходните записи открива и подробности од последните заеднички денови на двојката.

„Дајан и јас водевме љубов утрово. Ја однесов на појадок, а потоа на работа. Не знаев дека тоа ќе биде последниот пат што ќе ја видам“, пишува несреќното момче.

Во еден џеб Маја пронашла и три сребрени долари од 1921 година, а во другите - шише канадско виски од 1966 година, календар со пораки и други лични работи.

„Се надевам дека никогаш нема да ја завршам оваа книга. Можеби Дајан ќе се врати пред да ја завршам“, вели момчето во еден од дневничките записи.

Видеото е прегледано 4,6 милиони пати.  си/

Фото: Пиксабеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан