• понеделник, 23 декември 2024

Куманово ќе добие сувенирница во просториите на Занаетчискиот дом

Куманово ќе добие сувенирница во просториите на Занаетчискиот дом
Куманово, 13 јуни 2022 (МИА) - Куманово ќе добие сувенирница наредната година, откако ќе се обезбеди деловен простор во просториите на Занаетчискиот дом, соопштија денеска надлежните.
Градот се уште нема сувенирница, иако занаетчиите лани побараа објект каде домашните и странските туристи ќе можат да купат сувенир од општината. Претседателот на Регионалната занаетчиска комора Куманово, Агрон Фазлији вели дека занаетчиите имаат поддршка од локалната самоуправа за барањата коишто ги доставиле, но, оти е потребно време да се исполнат сите.
– Градоначалникот ни кажа дека ќе биде отворена сувенирница, но ние ќе одиме точка по точка, како ќе биде подготвена општината така и ние ќе постапиме, затоа ќе и дадеме време на општина Куманово да ни најдат простор, соодветно место каде што ќе се истакнат овие стари занаети, така што поддршката од општината веќе е видлива, изјави Фазлији.
Предвидено е сувенирницата да биде во еден од дуќаните од Занаетчискиот дом. Дел од дуќаните веќе се користат, а градот води постапка со сопствениците. -Куманово води правна постапка веќе трета година. Го чекаме конечниот епилог, првиот момент кога ќе имаме правосилно судско решение, бидејќи тие најголем дел од дуќаните кои се користат во моментов се користат од лицата се користат бесправно и ние ги сметаме дека го имаат узурпирано тој простор. Во една легитимна постапка ќе ги реиздадеме објектите, а во рамки на истите дуќани еден од постоечките дуќани ќе биде сувенирница, рече претходно, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, Инаку, општина Куманово годинава субвенционира 15 занаетчии со вкупно 150.000 денари коишто настојуваат да ги зачуваат старите занаети во градот. ам/сст/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан