• среда, 27 ноември 2024

Куманово ќе гради фекална канализациска мрежа на „Доне Божинов“

Куманово ќе гради фекална канализациска мрежа на „Доне Божинов“
Куманово, 30 март 2022 (МИА) - Општина Куманово избра на компанија за изградба на фекална мрежа на дел од улицата „Доне Божинов“ до „Братство и единство“, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. На јавниот повик на кој се пријавиле четири компании од државата избрана е скопската компанија КОП-ИНЖЕНЕРИНГ“ која за 1.576.791,76 денари ќе ја изгради фекалната канализација. - На оваа локација од дел од улицата „Доне Божинов“ ќе се постави фекална канализација која ќе се поврзе со изградената на улицата „Братство и единство“, проект кој се реализираше претходниот период. Имаме предвидено средства во развојната програма и според планираното ќе се гради 160 метри должина, изјави претходно помошникот раководител на одделението за комунални дејности, Момчило Јовановски. Компанијата има рок од една година за извршување на градежните активности. ам/цр

Остани поврзан