• сабота, 05 октомври 2024

Куманово ја почна постапката за уредување на малиот градски плоштад

Куманово ја почна постапката за уредување на малиот градски плоштад

Куманово, 11 септември 2023 (МИА) - Постапката за уредување на таканаречениот мал градски плоштад се спроведува тековно, информираа денеска од секторот за урбанизам од општина Куманово. Ова е прва фаза од почетокот на спојувањето на големиот и малиот градски плоштад во Куманово, при што е предвидено дел од улицата да биде затворена за сообраќај и воведување пешачка зона.

- Се чека на добивање конзерваторско одобрување односно проектот за реконструкција е испратен до Националниот конзерваторски центар. Имаше одредени забелешки коишто мораше да се отстранат, по што е извршена корекција и е повторно испратено до нив за согласно, изјави раководителката на секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

Општината ја добила потребната согласност од Министерството за внатрешни работи за измена на сообраќајниот режим.

-Проектот ќе биде аплициран во е системот, градежни дозволи и ќе следува одобрение и негова реализација, изјави Сларидис Јаневска.

Реконструкцијата ќе опфати замена на подлогата, на урбаната опрема канделабри, клупи, жардиниери, осветлување, акцент ќе се стави на спомениците. Улицата која ги двои двата плоштада и која во моментов се користи за сообраќај ќе се менува, ќе биде поставена подлога за да се добие целина со зоната на малиот плоштад.

Тендерот за спроведување на градежните активности е во тек. Според анкетата, 75 проценти од кумановци се изјаснија за пешачка зона во овој централен дел на Куманово.ам/цр


Фото: МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан