• сабота, 20 април 2024

Куманово планира да спроведе и авионска и дезинсекција и дератизација против инсекти и глувци

Куманово планира да спроведе и авионска и дезинсекција и дератизација против инсекти и глувци

Куманово, 30 мај 2023 (МИА) - Општина Куманово ќе спроведе авионска дезинсекција и дератизација против комарци, крлежи и глувци, соопштија денеска од општината. Сепак, од општината не прецизираат кога ќе се реализираат третманите.

- Согласно техничката спецификација од склучениот договор предвидено е да се прска во период од јуни до август. Точниот датум ќе биде утврден во координација помеѓу економскиот оператор и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита за кој граѓаните ќе бидат навремено известени, информираат од општина Куманово.

Оттаму додаваат дека се одвоени средства и за третирање против крлежи и дератизација против глувци. И за оваа постапка од општината додаваат дека точниот датум ќе биде утврден откако ќе биде избран економски опретаор.

На електронскиот систем за јавни набавки во моментов тече оглас за избор на компанија за третирање против крлежи и комарци, огласот треба да заврши на 3 јуни годинава. Во меѓувреме е избран оператор за авионска дезинсекција против комарци. За оваа намена од буџетот одвоени се 1. 038.400,00 со вклучен данок на додадена вредност. Договорот е склучен вчера. ам/цр


Фото: МИА и Општина Куманово (Архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан