• среда, 12 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Куманово објави повик за апликации за проекти од четири приоритетни области

Куманово објави повик за апликации за проекти од четири приоритетни области

Куманово, 12 март 2025 (МИА) - Општина Куманово објави јавен повик за граѓански организации и фондации за прибирање предлог проекти, информираа денеска надлежните од одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски разво од општината.

Заинтересираните треба да достават предлог проекти за четири приоритетни области, заштита на животна средина, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура и младински иницијативи.

Финансиските средства во висина од 900.000 денари се предвидени се во програма на секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР наменети за граѓански организации и фондации од Општина Куманово за проекти во рамки на стратегиските развојни документи, соодветни на приоритетните области и цели.

Проектите може да бидат со времетраење од шест до девет месеци.

-Планиран термин за реализација на активностите од проектите е: од 15мај до најдоцна 15 декември ако е шест месеци или до 15 феваруари 2026, ако се девет месеци. Проектите мора да се спроведуваат исклучиво на територијата на општина Куманово. Целосната документација е достапна на општинската веб-страница, а за секое прашање можат да се обратат и до одделението, изјави Донка Петровска раководител на одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18-ти април, годинава. ам/сст/


Фото: МИА и општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан