• петок, 22 ноември 2024

Куманово избира фрима за поставување заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“

Куманово избира фрима за поставување заштитна ограда на улицата „Тоде Думба“
Куманово, 20 септември 2022 (МИА) - Куманово избира фирма за реконструкција на постоечката ограда и поставување на нова еластична ограда на улицата „Тоде Думба“, соопштија денеска надлежните. Претходно, граѓаните во неколку наврати бараа поставување на преодно решение, сè до изнаоѓање на трајно, бидејќи автомобилите излетуваа од оваа на долната улица „Драган Стопаревиќ“. На ова место се случија неколку сообраќајни несреќи, дел од нив со трагични последици. Скршената ограда, сметаат граѓаните е опасност и за возачите и за пешаците, поради фреквенцијата на локацијата која поврзува неколку населби Гоце Делчев, Зелен Рид, Јане Сандански, со централното градско подрачје. Според објавата на електронскиот систем за јавни набавки, заинтересираните економски оператори, покрај општите документи треба да достават и лиценца Б за градби од втора категорија. Јавното отворање на понудите е закажано за 26 септември, годинава со почеток во 9 часот.ам/

Остани поврзан