• понеделник, 23 декември 2024

Куманово избира фирма за реконструкција на сообраќајниците околу населбата Средорек

Куманово избира фирма за реконструкција на сообраќајниците околу населбата Средорек
Куманово, 19 септември 2022 (МИА)-Куманово избира фирма за реконструкција на сообраќајниците околу населбата Средорек, информираа денеска надлежните. Како што е наведено на веб страницата на електронскиот систем за јавни набавки заинтересираните оператори покрај општите документи треба да поднесат и потврда за регистрирана дејност, лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски на РСМ. Операторите можат да поднесат апликации до 27 септември, годинава, кога е закажано отворањето на понудите во просториите на општината. Изминативе 2021 и 2020 година беа асфалтирани, санирани и беше поставен бекатон на уличките во населбата.ам/ир

Остани поврзан