• петок, 22 ноември 2024

Кулеба ги повика членките на НАТО да и обезбедат на Украина системи „Патриот“

Кулеба ги повика членките на НАТО да и обезбедат на Украина системи „Патриот“

Брисел, 4 април 2024 (МИА) – Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска ги повика членките на НАТО да и обезбедат на неговата земја повеќе системи „Патриот“.

-Не сакам да го расипам празникот, но денеска сум тука додека Украина трпи невидени ракетни и беспилотни напади од Русија. Ноќеска Харков беше погоден од илјадници беспилотни летала, истакна тој.

Кулеба е во посета на седиштето НАТО по повод 75-годишнината од основањето на Алијансата.

-Русија постојано ја уништува украинската економија и градови, ова е дел од стратегијата за бришење на Украина од светската мапа. Мојата главна порака денеска е за потребата од комплекси „Патриот“, за да спасат животи во Украина и да се заштитат украинските градови, сојузниците имаат доволно такви системи. Само во март Украина беше погодена со 94 балистички ракети, додаде Кулеба.

Украина ќе се приклучи на Алијансата и тоа е јасно кажано од сојузниците, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Тој додаде дека денеска претстои состанок на Советот НАТО-Украина и ќе се разговара за можностите за напредок кон членството на Украина во Алијансата.

-Поддршката за Украина не е добротворна дејност, туку таа е поврзана со нашата сопствена безбедност. Разговараме како поддршката да биде трајна, одржлива и предвидлива. Оддавам почит на храброста и решителноста на Украинците и на украинските вооружени сили, додаде Столтенберг. сд/

фото: НАТО

Остани поврзан