• недела, 07 јули 2024

Куба и Иран се заложија да се спротистават на „агресивната империјалистичка политика“ на САД

Куба и Иран се заложија да се спротистават на „агресивната империјалистичка политика“ на САД

Хавана, 16 јуни 2023 (МИА) - Претседателите на Иран и Куба, Мигел Дијаз-Канел и Ебрахим Раиси на средбата во Хавана ветија дека заеднички ќе се спротивстават на „агресивната империјалистичка политика“ на САД, земја која има воведено санкции и против Техеран и против Хавана.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој го прими својот ирански колега во Палатата на револуцијата, изрази желба сојузот со Техеран да овозможи „заеднички отпор кон агресивната империјалистичка политика“, на САД.

Иран и Куба „треба херојски и цврсто да се спротивстават на санкциите, притисоците, заканите, ембаргото и рамнодушноста на империјализмот на Јенките и нивните сојузници“, рече Дијаз-Канел.

Условите и околностите во кои се наоѓаат Куба и Иран имаат многу допирни точки“, истакна иранскиот претседател, велејќи дека и во двете земји „постои подготвеност да се зачува независноста“. Иран и Куба се под американски санкции и се на списокот на американскиот Стејт департмент на земји кои го поддржуваат тероризмот.

Инаку, со посетата на Куба, иранскиот претседател ја завршува турнејата по Јужна Америка, , каде ги посети, како што рече, „пријателските држави“ Никарагва и Венецуела, со кои споделува „заеднички непријател“. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан