• петок, 17 мај 2024

КСЗД на отворена средба со граѓаните на Кавадарци

КСЗД на отворена средба со граѓаните на Кавадарци

Скопје, 20 септември 2023 (МИА) – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со организација на отворени средби со граѓаните, невладиниот сектор и институциите. Со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје КСЗД денеска ќе се сретне со граѓаните на Кавадарци во салата на Советот на Општината.

Како што информираат од КСЗД, на оваа отворена средба, сите заинтересирани граѓани, активистите од граѓанските организации кои делуваат во областа на човековите права, како и на институциите на локално ниво, ќе имаат можност, преку директна комуникација со претставници на КСЗД, да се запознаат со надлежностите и начинот на работа на ова независно институционално тело кое работи на промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација.

Ваквите настани, како што дополнуваат, претставуваат и дополнителна можност за продлабочување на соработката меѓу Комисијата и претставниците од граѓанскиот сектор и институциите, со цел подигнување на јавната свест, поголема мобилизација во целото општество и заедничко делување во борбата против дискриминацијата. ар/аа/

ФОТО/ КСЗД

 

Остани поврзан