• понеделник, 23 декември 2024

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

Крушево и Елбасан го презентираа проектот за прекугранична соработка

Крушево, 26 мај 2023 (МИА) - Проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан - призната туристичка прекугранична дестинација“ е еден од најуспешните од третиот повик на ИПА програмата што ја финансира Европската унија, беше истакнато на денешната презентација на Проектот на полетувалиштето на Мечкин Камен на кое присуствуваа евроамбасадорот Дејвид Гир, од министерството за локална самоуправа и градоначалниците на Елбасан и на Крушево.

- Ова е моја прва официјална посета на Крушево, срцето, пулсот на самата земја поради историјата што ја има. Ѕадоволни сме од соработката со Крушево. Европската Унија има придонесено за развојот на градот, во реставрација на училиштето „Никола Карев“, на спортската сала и поддршката за зголемување на туристичкиот избор на спортовите кои се нудат во Крушево. Ќе има и други проекти, зашто како што се приближуваме во тој процес до Европската унија ќе се случуваат многу промени на теренот и не само во Крушево, а и во повеќе сфери: во животната средина, во менаџирањето со цврст отпад и во другите сфери на општественото живеење. Што се однесува до полетувалиштето за параглајдеристи, имате терен од светска класа, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при посетата на Крушево.

Крушево користи голем број средства од фондовите на ЕУ за подобрување на инфраструктурата, за спортските објекти, за целосна реконструкција на старата училишна зграда, а најнов е проектот за прекугранична соработка со Елбасан, Албанија.

-Проекто е во завршна фаза. Крајниот род е уште една година. Обновено е полетувалиштето на Мечкин Камен, направен е паркинг, сменети  се уличните со лед светилки. Туристичките аспекти на Крушево се зголемуваат со брзо темпо, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Првата прекугранична соработка на Крушево и Елбасан е основа за сите други можности за соработка што им се нудат на двата града.

- Елбасан е една од поголемите општини во Албанија и ја има истата типологија како Крушево. Го имаме местото Фурна погодно за параглајдерството. Соработката со Крушево е одлична. нашата цел е да имаме поголем туризам со ова се опфаќа целиот Регион, изјави Гледијан Латја, градоначалник на Елбасан, Албанија.

Пр презентацијата на проектот за прекугранична соработка Татјана Јанеска од Министерството за локална самоуправа нагласи дека овој проект за прекуграничлна соработка е еден од најуспешните од ИУПА 3 програмата.

- Овој проект го поттикнува развојот на активниот туризам цо прекуграничната област со развивање на соодветна, модерна инфраструктурса, простори и капацитети кои ќе ги задоволат стандардите за понатамошна имплементација и развој на одржливи туристички активности. Министерството за локална самоуправа и Државната агенција за стратешко програмирање и координација на помош од Албанија во моментов се подготвуваат да започнат да ја имплементираат ИПА 3 програмата за прекуграничнасоработка на двете земји, рече Јанеска.

Во Крушево веќе има параглајдеристи од Полска, од Австралија. Годинава ќе се одржат 7 меѓународни првенства и светското првенство во змејарство. ем/мч/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан