• сабота, 23 ноември 2024

Крушево домаќин на светската параглајдинг елита

Крушево домаќин на светската параглајдинг елита
Крушево, 16 јули 2022 (МИА) - Крушево на едно место ги донесе врвните светски параглајдеристи на Светскиот куп што го рангира градот и полетувалиштето на Мечкин Камен во топ светските дестинации и најдобрите параглајдинг полетувалишта. До четврток градот е домаќин на околу 130, од кои 70 највисоко рангираните светски параглајдеристи. Според Горан Димишкоски, претседател на светскиот куп во параглајдерство тоа значи дека ова е еден од насилните светски натпревари воопшто. -Ова е Светски куп во параглајдерство. Станува збор за циклус на натпревари, функционира како меѓународна лига. Тоа е циклус од пет натпревари во годината на најдобрите дестинации во светот и одовде се селектираат најдобрите за светски и европски првенства. Според квалитетот ова е исклучително јак натпревар. По Светското првенство во 2019 година, Крушево е ставено во редот на најдобрите места во светот за параглајдерство и 70 од овие 130 натпреварувачи овде се највисоко рангирани во светот. Тешко дека може на друго место да се собере појака конкуренција. Сите натпреварувачи имаат свои екипи, така што овде се преку 500 учесници и очекуваме да помине во најдобар ред. Овој куп ќе трае до четврток и има седум трки, објаснува Димишкоски. Мартин Јованоски, организатор на првенството вели дека натпреварот е иницијална каписла за уште поголем развој на алтернативниот туризам. -Ова е највисокото ниво во параглајдерството. Во Македонија организиравме Светски купови во 2012 и во 2014 година. Во меѓувреме организиравме европско и светско првенство, а сега повторно дојде ред за еден голем натпревар. Би рекол ова е најголемиот натпревар на најдобрите, можеби во историјата на параглајдерството. Овој светски куп е иницијална каписла да продолжи тој развој на алтернативниот туризам што го водевме последните 10 години, изјави Јованоски. При посетата на полетувалиштето на Мечкин Камен, параглајдеристите отворено и расположено објаснуваат зошто Крушево е во петте топ светски дестинации. -Местото е чудесно за летање. Има стабилно време, многу погодни денови за летање. Во Крушево сум бил повеќепати во многу натпреварувања, а сега и на светскиот куп, рече Степан Кишиџи од Украина -Го сакам ова место. Нуди многу опции, прекрасна природа и супер е. Го сакам, вели Руни Хајсен од Холандија Овде сум да ги следам натпреварите како камерман. Го сакам Крушево, тука сум повеќепати и е едно од најдобрите места во светот за летање. Во топ пет светски места е, заклучува Филип Бровс од Белгиј Крушевскиот градоначалник Томе Христоски вели дека градот е полн со гости. Во моментов има околу 2 000, а до крајот на сезоната уште преку 7 000 гости и туристи. Крушево ги очекува спортските инвеститори. -Крушево прерасна во светска препознатлива, примамлива туристичка дестинација, посебно, за авантуристички туризам. За параглајдерство и змејарство. Официјално започна Светскиот куп на кој има околу 40 земји учесници со над 100 натпреварувачи а со вкупно учесници над 600. Се бара место и легло повеќе. Примамливо е да се следи натпреварот. Сакаме да направиме уште натпревари кои ќе привлечат дополнително многу посетители, а со тоа ќе привлече внимание и инвеститори за развој на Крушево. Во наредниот период Крушево е подготвено за другите натпреварувања и манифестации: 10 Дена Крушевска Република, во меѓувреме има саеми за туризам и за инвестиции кои првпат се одржуваат во Крушево. Во наредниот период се и пливачкиот маратон, Крушево на точак, изјави Христоски. ем/ки/

Остани поврзан