• петок, 22 ноември 2024

КРИО МК нов партнер на Кошаркарската федерација

КРИО МК нов партнер на Кошаркарската федерација

Скопје, 28 март 2023 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација ја продолжува соработката со компании кои ќе помогнат за уште подобри услови на функционирање на сите активни чинители во кошаркарскиот спорт во Македонија. Како дел од планираните активности, денеска, беше официјализиран и договорот за партнерство со компанијата „КРИО.МК“ од Скопје.

 

- Кошаркарската федерација ја продолжува со соработка со сериозни компании кои ќе помогнат за уште подобри услови за кошаркарите и за клубовите, пред се и репрезентацијата. Среќен сум што потпишавме договор со компанијата „Крио.мк“ на чело со Бранко Стојановски и што тој, со неговата компанија ќе биде дел од Федерацијата Сигурно е дека со машините кои тој ги нуди, ќе се донесе голема помош за кошаркарите, рече на денешната прес-конференција претседателот на федерацијата, Перо Антиќ.

 

Со овие терапии лично се запознав во НБА-лигата, бев изненаден кога ќе се влезе дека беше ладно, но чувството по еден третман е одлично, како да не си тренирал. Ние од постарата генерација бевме навикнати на други третмани, но како одминува времето, така технологијата оди напред. Затоа ние ќе мора да направиме подобри услови, додаде Антиќ

 

Директорот на КРИО МК., Бранимир Стојановски ги потврди заложбите на Антиќ, за создавање подобри услови за играчите.

 

- Се надеваме на поголеми успеси на спортистите, да им овозможиме добро и квалитетно заздравување, ќе им овозможиме најсовремена апаратура за пост-повреда, по тешки тренинзи и слично, со кои, се надевам ќе постигнат подобри резултати. Членови сме на други федерации, исто како што работиме таму ќе работиме и тука. Ќе работиме да ги едуцираме сите како да ги користат сите услови. Располагаме со специјални машини кои работат на минусни температури. Докажано е дека ладните бањи или кади, дека се совршени пост-тренинг, но овие што работат на -160 степени се подобри за детална регенерација на клетки митохондри. Тоа значи како играчот да немал тренинзи и напад претходно и веднаш може да продолжи со истиот напор и тренинг од претходно, објасни Стојановски.

 

На располагање на кошаркарите ќе бидат и други апаратури, како ‘Норматек’, за спортска масажа, ‘Инфраред’ зрачење, нешто што во моментов е најважната алатка во борбата за заздравување, како и локално ‘крио’ за локализирање на повреда на раце, нозе или зглобови. зс/

Остани поврзан