• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крилото на Таравари одржува партиско собрание, актуелната политичка состојба и локалните избори на дневен ред

Крилото на Таравари одржува партиско собрание, актуелната политичка состојба и локалните избори на дневен ред

Гостивар, 6 април 2025 (МИА) - Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, денес одржува собрание на партијата.

Според дневниот ред и статутот на партијата, претседателот на партиското собрание Арбен Фетаи покрај формалностите за записникот од претходната седница и одлуката за исплата на членарина од страна на функционерите, на дневен ред ги стави уште и точките на кои ќе се дискутира за актуелна политичка состојба во државата, а ќе има и дискусија за локалните избори 2025 година. На дневниот ред е и усвојување на декларација за трагедијата во Кочани.

Според најавите изјава пред настанот ќе даде и лидерот Таравари. згм/аа/

Фото: Фото МИА

Остани поврзан