• недела, 28 април 2024

Кривична пријава против полициски службеник од Крушево

Кривична пријава против полициски службеник од Крушево

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - ОВР Крушево поднесе кривична пријава против 51-годишниот полициски службеник А.А. од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информираат од МВР.

- На 31 март во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р. Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево, појаснуваат од МВР.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднел предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина, по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени биле задолжителни мерки, да се отстрани од работното место, до донесување на решение во дисциплинската постапка. бд/ир

Фото: МИА архива

Остани поврзан