• четврток, 04 јули 2024

Кривична пријава против стружанец за изнуда

Кривична пријава против стружанец за изнуда
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Поднесена е кривична пријава против стружанец за сторено кривично дело изнуда, соопшти денеска МВР. - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н.(40) од с.Велешта,струшко, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Б.Н. во период од три месеци во 2020 преку мобилен телефон испраќал пораки и упатувал закани на семејството на  58-годишен маж од с.Лабуништа, струшко, за наводен долг кој требало да го исплати неговиот син, наведува МВР во дневниот Билтен. фф/лв/

Остани поврзан