• петок, 17 мај 2024

Притвор за осомничениот за подметнување на пожарот во угостителскиот објект во Охрид

Притвор за осомничениот за подметнување на пожарот во угостителскиот објект во Охрид

Охрид, 19 март 2024 (МИА) – Секторот за внатрешни работи – Охрид поднесе кривична пријава против лицето М.У.(20) од Скопје, осомничено дека е подметнувач на пожарот во кој целосно изгоре угостителски објект во зградата на Градскиот пазар во Охрид.

Според полициското соопштение, осомничениот на 10-ти овој месец во 03:40 часот, со уште едно лице со запалива течност го предизвикал пожарот во објектот на булеварот „Туристичка“ во Охрид.

На М.У. му е одреден притвор од 30 дена. Осомничениот е префрлен во Казнено - поправната установа „Затвор“ - Охрид. аб/бак/

Фото: МИА

 

 

Остани поврзан