• петок, 22 ноември 2024

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем

Скопје, 27 август 2023 (МИА) –  Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, обезбедени се потребните докази и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем. свс/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан