• вторник, 02 јули 2024

Кривична пријава за жител на село Отишани за узурпација на државно земјиште и бесправна градба

Кривична пријава за жител на село Отишани за узурпација на државно земјиште и бесправна градба
Дебар,15 август 2022 (МИА) - Кривична пријава е поднесена против жител на селото Отишан, Дебарско, за узурпација на земјиште во државна сопственост и бесправна градба во месноста Манастирец, атар на општина Центар Жупа, на брегот на Дебарско Езеро. - Одделението за внатрешни работи - Дебар поднесе кривична пријава против Б.Л.(71) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на државно земјиште и бесправно градење“. Тој во месноста „Манастирец“, општина Центар Жупа, на парцела од 74,45 квадратни метри, во државна сопстветност, без соодветно одобрение издадено од надлежен орган изградил викенд куќа, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид. На тој начин, Б.Л. се стекнал со противправна имотна корист од 147.411 денари. Во месноста Манастирец, попозната како „Три чешми“ на левата страна од патниот правец Дебар-Струга, на брегот на Дебарско Езеро, на оддалеченост од Дебар на дваесеттина километри, има голем број дивоградби на жители од општина Дебар, од Скопје, но и од Косово. Дел од бесправните објекти се на узурпирано земјиште во сопственост на МПЦ-ОА, односно на Бигорски манастир. вт/мд/

Остани поврзан