• петок, 22 ноември 2024

Крај на долгата НБА кариера: Руди Геј се прости од кошарката

Крај на долгата НБА кариера: Руди Геј се прости од кошарката

Њујорк, 29 октомври 2024 (МИА) - Руди Геј, ветеранот на НБА кој помина 17 сезони на најголемата кошаркарска сцена во светот, на 38 години реши да ја заврши кариерата.

Момчето од Њујорк, кое Хјустон Рокетс го избра како 8-ми пик на драфтот во 2006 година, во својата долга кариера смени пет клубови, додека последниот меч го одигра за Јута Џез, каде пристигна во 2021 година од Сан Антонио Спарс. Минатото лето тој потпиша договор со Голден Стејт Вориорс, но се откажа непосредно пред почетокот на сезоната.

- Се чувствувам исклучително благодарен за сета љубов, мудрост и пријателство што ги доживеав во кошарката“, изјави неодамна Руди Геј.

Американскиот кошаркар забележа 1.120 настапи во НБА, а во текот на 17 сезони имаше просек од 15,8 поени и 5,6 скока по натпревар. Никогаш не освоил шампионски прстен.

Тој во 2007 година беше дел од идеалната дебитантска петорка, додека со репрезентацијата освои две светски злата на Мундобаскетот во Турција и Шпанија во 2010 и 2014 година. дс

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан