• понеделник, 15 јули 2024

Кратко невреме во Дебар

Кратко невреме во Дебар

Дебар, 14 јули 2024 (МИА) - Краткотрајно невреме, со силен ветер, обилен дожд и со ситен град, попладнево го зафати градот Дебар.

Силниот ветер турна повеќе контејнери за отпад, по што веднаш интервенираа екипи на Јавното комунално претпријатие „Стандард“.

- По силното, но, за среќа, краткотрајно невреме во градот, на неколку локации беа превртени контејнери за отпад, при што ветрот ги разнесе на сите страни, па и на повеќе улици. Излеговме на увид и наши екипи ги расчистуваат просторот и улиците, рече директорот Бурим Каба.

Поради разнесениот отпад на улиците мораше да интервенира и сообраќајната полиција, за да го регулира сообраќајот.

Засега нема пријавени поголеми штети од невремето. вт/бд/

Фото: ЈКП „Стандард“

Остани поврзан