• вторник, 05 ноември 2024

Кошта може да ја продолжи кариерата во Турција

Кошта може да ја продолжи кариерата во Турција
Истанбул, 17 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Кошта може да се пресели во турскиот гигант Фенербахче. 31-годишниот фудбалер е во потрага по нов тим, бидејќи тој е трет избор на Диего Симеоне за неговата позиција по Жоао Феликс и Алваро Мората. Тој има договор со „јорганџиите“ на уште една година. Според шпанските медиуми, Фенербахче упатил барање за Диего Кошта. Турскиот клуб пред неколку дена го продаде својот голгетер за минатата сезона, Ведат Мурики, на Лацио и бара негова замена. Поранешниот играч на Челси беше блиску до трансфер во Турција во 2011 година, кога се договори со Бешикташ, но договорот не беше постигнат поради повреда на коленото.

Тагови

Остани поврзан