• вторник, 26 ноември 2024

Коцо: Случувањата во Судскиот совет се аномалија, непочитување на закон и морал

Коцо: Случувањата во Судскиот совет се аномалија, непочитување на закон и морал

Скопје, 30 април 2023 (МИА) - Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, изјави поранешната врховна судијка Вера Коцо. 

Во интервју за Радио Слободна Европа таа вели американската амбасадорка со право реагираше за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“.

-Ова сега што се случи во Судскиот Совет некако како да беше очекувано дека ќе дојде до такво нешто. Не дека таа (претседателката Весна Дамева) покажа неспособност во извршувањето на нејзината функција, меѓутоа за да се менаџира еден таков Совет, едно такво тело кое треба да се грижи за самостојноста и независноста на целокупното судство во нашата држава е навистина тешка и комплицирана работа. Ова што сега последно се случи, јас ќе кажам еден грчки збор што значи аномија. Што претставува аномијата? Тоа значи непочитување или непостоење на законски одредби и изостанување на морални норми или вредности. Напротив она што се случуваше за мене претставува аномичен настан, вели судијката Коцо.

Според неа, да се реагира на таков начин, независно дали таа ја исполнувала солидно нејзината функција во овие четити и пол месеци, е навистина голем предизвик, но она што се случи е недозволиво од страна на нејзиниот заменик.

-Како успевала да ги менаџира состојбите во Советот, јас не знам. Но, ова што се случи e недозволено. Не е дозволено од страна на нејзиниот заменик, да си земе за право во нејзино присуство да го преземе водењето на седницата, да нафрлува работи кои не се испитани и наједноставно ги повика присутните да гласаат за нејзино разрешување. Со кое право? Немаше такво право, од причина што со Законот за судски совет не е предвидено разрешување на претседател на Судски Совет., рече Коцо. 

Нагласува дека има постапка за разрешување на член на Судски Совет, но претходно треба да се води дисциплинска постапка, па потоа, додава Коцо додека се утврдат оние потребни околности во однос на некакво непочитување на законот или неспроведување на работа на Судскиот совет, во ред, но во случајот се прерипнаа сите тие работи.

-Прво, немаше законска одредба во таа смисла, второ самата седница како што беше изведена беше сосема непристојна и надвор од сите законски решенија, рече, меѓудругото, поранешната врховна судијка Коцо. ев/

ФОТО: Утрински брифинг 

Остани поврзан