Кос: Една до три земји може да ја постигнат целта за проширување во текот на овој мандат
- Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека постои реална перспектива една до три земји да ја постигнат целта за проширувањето за време на актуелниот мандат на Комисијата.
Брисел, 14 јануари 2025 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека постои реална перспектива една до три земји да ја постигнат целта за проширувањето за време на актуелниот мандат на Комисијата.
За време на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (Афет), Кос зборуваше за напредокот на 10-те кандидати за членство во ЕУ, а кога станува збор за отворање на Кластерот три во преговорите со Србија, таа рече дека се следат заклучоците од нон-пејперот и тоа што Србија вети дека ќе го направи.
Таа се осврна и на изборите во Косово, наведувајќи дека за Западен Балкан не може да се разговара без да се разговара за дијалогот меѓу Белград и Приштина и изрази надеж дека ќе биде постигнат напредок по тие избори, кои се закажани за 9 февруари. мс/
фото: МИА архива