• петок, 05 јули 2024

Костадинов: Локалниот совет за превенција на Струмица успешно функционира

Костадинов: Локалниот совет за превенција на Струмица успешно функционира
Струмица, 25 мај 2022 (МИА)-Локалниот совет за превенција на Општина Струмица на денешната седница изрази задоволство од досегашното решавање на проблемите, посебно целосното отстранување на дивите продавачи од центарот на градот и околу пазарот „Чешел“. Според градоначалникот Костадин Костадинов, резултати од досегашните шест седници има и во решавањето на другите проблеми. -Тие се нелегалната трговија со отпад на улицата „Антон Панов“, вандализмот на јавните површини, хаварисаните возила, уличните менувачи на девизи, кучињата скитници, но тука имаме уште работа и денеска разговараме за тоа, односно, како да го забрзаме решавањето на овие проблеми. За мене е важно и охрабрувачко што ги отворивме овие прашања и што има силна волја кај сите партнери во Локалниот совет за превенција и да ги затвориме, а ја имаме и поддршката од граѓаните, рече Костадинов. На реакциите на граѓаните за узурпација на јавните површини, Костадинов истакна дека ова прашање ќе се покрене и ќе се разгледува. -Со правилникот на Општинаа јасно е утврдено колкава треба да биде површината што може некој да ја користи, независно дали е угостител или извршува друга дејност и соодветно на тоа се утврдува цената кои тие треба да ја платат. Комуналните инспектори постојано се на терен и кога утврдуваат узурпирање или дополнително користење од тоа што е одобрено, следуваат соодветни казни.Запознати сме со проблемот, го решаваме во од и дополнително доколку има такви проблеми ќе бидат на дневен ред на Советот за превенција, истакна струмичкиот градоначалник. Тој се пофали дека функционирањето на Советот за превенција е забележан како позитивен пример во Извештајот на ОБСЕ за решавањето на проблемите во општините, каде сите партнери и институции ги отвораат проблемите, се разговара со засегнатите страни и најголемите проблеми на бирократијата-бавноста и неефикасноста се решават со собирање на едно место каде отворено се разговара.рт/лв/        

Остани поврзан