• недела, 22 декември 2024

Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по десет илјади денари, бесплатен паркинг и градски превоз

Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по десет илјади денари, бесплатен паркинг и градски превоз

Струмица, 5 септември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов ги награди струмичките пожарникари со по 10 илјади денари за, како што објави, неизмерната почит и благодарност кон нив.

-Заедно со членовите на Советот ја надополнивме одлуката за бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните приватни возила за сите вработени во ТППЕ Струмица, а со започнувањето на новиот електричен градски превоз нашите пожарникари ќе можат да го користат бесплатно, објави на својот фејсбук профил струмичкиот градоначалник.

Додаде дека претходно во повеќе наврати пожарникарите добиле финансиска награда по една просечна плата и според Костадинов така треба одговорните градоначалници да се грижат за службите и граѓаните.

Инаку и градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов ги награди струмичките пожарникари со 10 илјади денари за нивното учество го гаснењето на големиот пожар на планината Огражден во јули годинава. рт/мд/

Фото: Општина Струмица

Остани поврзан