• недела, 22 декември 2024

Костадиновска Стојчевска - Чеку: Северна Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка

Костадиновска Стојчевска - Чеку: Северна Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка

Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Република Северна Македонија и Република Косово се две пријателски земји со отворени можности за соработка во културата, кои во периодот што следува треба поинтензивно да се искористат, се согласија на денешната работна средба министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзиниот косовски колега, министерот за култура, млади и спорт Хајрула Чеку.

Како што соопштија од Министерството за култура, соговорниците позитивно ја оценија досегашната културна соработка, која во изминатите години се одвива во сите дејности од културата, во музичката дејност со размена на музички групи, фолклорни ансамбли, во ликовната со размена на изложби и во драмската дејност со презентација на театарски остварувања.  

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска нагласи дека годинава, во рамките на Годишниот конкурс, поддржана е реализација на неколку проекти, меѓу кои и колективна изложба во Приштина во организација на НУ Уметничка галерија – Тетово, како и учество со претставата „Пролетите“ на Тетовскиот театар кој ќе настапи на Театарскиот фестивал во Урошевац.

Костадиновска-Стојчевска и Чеку разговараа и за иницијативата за потпишување на Протокол/Календар за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, млади и спорт на Република Косово, стои во соопштението од Министерството за култура. вг/дма/

Остани поврзан