• недела, 22 декември 2024

Костадиновска Стојчевска: МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век

Костадиновска Стојчевска: МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век

Скопје, 10 февруари 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска го посети Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ), каде беше изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело, по повод 60 години од постоење на институцијата.

Таа во своето обраќање посочи дека оваа уникатна колекција на творби е подарок од уметници од целиот свет, знак на солидарност за постземјотресно Скопје. Како што рече, МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век.

-Денес имавме ексклузивна можност по 35 години, да го погледнеме уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело. МСУ е своевидна победа на уметноста во втората половина од 20 век, но и синоним за слободна уметничка мисла.

Посакувам уште многу години успешна работа, а на ентузијастите и професионалците од овој Музеј би им порачала да продолжат да водат со чисти и прогресивни идеи, рече Костадиновска Стојчевска. бт/нд/

Фото: Фејсбук страница на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска 

Остани поврзан