• четврток, 19 декември 2024

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска го честита Светскиот ден на џезот - 30 Април. Изразува почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.

- Џезот е составен дел од нашата музичка традиција, а нашите музичари се гордост по која сме препознаени и кои со својот креативен израз ја афирмираат нашата земја на регионалната и светската сцена, се вели во честитката од Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура истакнува дека наша заедничка цел е да ги зачуваме талентираните џез-музичари дома, да им овозможиме траен и одржлив ангажман, да им создадеме услови за нивна промоција и за негување на џез-културата низ целата држава.

- Затоа, чест ми е што со наша искрена поддршка, џез-музичарите, со своето активно дејствување и уметничка страст, се изборија за основање на Национален џез-оркестар, вели министерката за култура.

Според неа, бројната публика на нивните концерти, но и на традиционалната прослава по повод Светскиот ден на џезот, потврдува дека македонската култура е интегрален дел од интернационалното џез-семејство, кое ја слави моќта на слободниот израз, различностите, отвореноста и мултикултурализмот. мд/лв/

Фото: Принтскрин
 

 

Остани поврзан