• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Концерт на Мандолинскиот орекстар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани

Концерт на Мандолинскиот орекстар „Скопје“ посветен на трагедичниот настан во Кочани

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Мандолинскиот орекстар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри вечер ќе одржи Пролетен концерт во фоајето на Музејот на македонската борба, посветен на трагедичниот настан во Кочани.

На програмата сe композиции и оперски арии од В.А.Моцарт, Ж.Бизе, Ф.Тости, Љ.Бранѓолица, Ф.Лехар, Џ.Верди, Ф.Шуберт, Г.Коларовски, П.Маскањи, а како солисти ќе настапат оперските пејачи Михајло Арсенски-тенор, Александра Коцевска-мецосопран и Горан Начевски-баритон.

Како што информираат од Мандолинскиот орекстар „Скопје“, на влезот на Музејот ќе може да се донират по минимум 200 денари и сите средства ќе бидат исклучиво наменети за настраданите во трагедијата во Кочани. фф/мч/

Фото: Мандолински орекстар „Скопје“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан