• понеделник, 23 декември 2024

Концерт на „Дивље јагоде“ во Филхармонија

Концерт на „Дивље јагоде“ во Филхармонија

Скопје, 27 септември 2024 (МИА) – Бендот „Дивље јагоде“ вечерва во Скопје ќе одржи концерт на кој ќе го претстави новиот албум „Прати моје старе трагове“. 

Како што иформираше членот Зеле Липовача, на концертот што ќе се одржи со почеток од 21 часот во Филхармонија на Македонија ќе има и unplugged дел, а ќе биде изведена и песната „Македонски девојче“.

- За секој успешен бенд кој трае долги години, не се важни годините колку свират, првиот албум, број на концерти, важно е за тој бенд дека постојат песни кои публиката ги чувствува, може да ги поместат нашите емоции и дека постојат песни на кои секогаш се враќаме, рече тој.

Дополни дека токму такви песни има нивниот бенд и дека тие секогаш го оставаат, како што рече „срцето на терен“.

- Такви песни имаме ние. Ние на секој концерт оставаме срце на терен, ова е златно доба на „Дивље јагоде“, дополни тој.

Прашан како успеваат да имаат публика која сега ја сака музиката која тие ја свират, одговори дека нема разлика од порано и сега, туку, доколку песната и бендот се добри, реакцијата е секогаш иста.

- Мора да има размена на енергии помеѓу бендот и публиката. Ако бендот го остави срцето на терен, тоа публиката ќе го препознае. Во однос на возраста на публиката, постои дистинкција. Имаме многу млада публика. Првите редови се секогаш млада публика, рече тој. 

Последниот концерт на бендот во земјава беше во 2022 година. ар/нд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан