• сабота, 18 мај 2024

Концерт на Ана Пандевска во Музејот на македонската борба

Концерт на Ана Пандевска во Музејот на македонската борба

Скопје, 14 октомври 2023 (МИА) - Во Музејот на македонската борба денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи концерт на композиторката Ана Пандевска. На концертот премиерно ќе биде изведен нејзиниот нов циклус пиеси за деца за виолина и електроника насловен „Детски авантури“. 

„Детски авантури“ е композиција инспирирана од лектирите за деца од основно училиште која ќе ја изведат младите виолинистки Дина Атанасовска, Хатиџе Салиева и Ема Крстевска, кои работат под менторство на професорите Ерхан Шукри и Аспарух Ќортошев.

Ана Пандевска (Скопје, 1985) дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е редовен член на Сојузот на композиторите на Македонија СОКОМ и добитничка на повеќе награди за композиција. На македонскиот концертен подиум редовно е присутна како со авторски концерти, така и со бројни изведби на дела од страна на истакнати македонски и странски ансамбли и солисти.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а влезот е слободен. ар/аа/

Фото: Сојуз на композитори

Остани поврзан