• понеделник, 23 декември 2024

Конфискацијата на незаконски стекнат имот е една од клучните антикорупциски мерки

Конфискацијата на незаконски стекнат имот е една од клучните антикорупциски мерки
Скопје, 9 декември 2020 (МИА)- Државите треба да воспостават сеопфатен систем за собирање податоци за конфискуван имот со цел да ја зајакнат борбата против корупцијата и организираниот криминал, се вели во извештајот објавен од AIRE - Центар за советување за индивидуални права во Европа и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), по повод Меѓународниот ден против корупцијата. Извештајот насловен „Ефективно спроведување на мерки за одземање на имотна корист од кривични дела во Западниот Балкан: преглед на регионална методологија за набљудување, главни репери и студии на случај од добра пракса“ е финансиран од Владата на Обединетото Кралство. -Главните наоди во извештајот беа онлајн презентирани на претставници на министерствата за правда, агенции кои управуваат со одземен и конфискуван имот, судии и обвинители од шест јурисдикции во Западниот Балкан. Учесниците особено дискутираа за механизмите за статистичко евидентирање на случаите на одземање имот и добрите практики во регионот. Свои излагања на ова тема имаа програмската директорка за Западен Балкан на AIRE центарот Билјана Брејтвејт, раководителот на Секретаријатот на РАИ Владан Јоксимовиќ и британскиот амбасадор во Босна и Херцеговина Метју Филд, се наведува во соопштението испратено до јавноста. Во извештајот стои дека интернационализацијата на криминалот, полабавите гранични контроли и едноставноста на движењето на лица, стоки и капитал отвори нови перспективи за сторителите на кривични дела. -Западниот Балкан не е исклучок од овој тренд каде на повеќето земји од Западниот Балкан сè уште им недостига сеопфатен и централизиран систем за собирање податоци и често имаше инциденти на разместување на незаконски стекнат имот од една држава во друга, првенствено со цел да се сокрие вистинското потекло на имотот, затоа државните власти треба да разменуваат податоци за конфискуван имот со цел да се олесни стратешко планирање и хармонизација во регионот за борба против организираниот криминал, корупцијата и сериозните облици на финансиски криминал, стои во соопштението од центарот. Според извештајот треба да се воспостави сеопфатен, прецизен и веродостоен систем за статистичко евидентирање, анализа и размена на податоци за одземен (конфискуван) имот. Затоа што воспоставувањето на таков систем ќе помогне да се подобри спроведувањето на законите за одземање (конфискација) и ќе ја зајакне јавната доверба во работата на институциите. -Одземање (конфискација) на имотна корист од кривични дела е клучно за борба против корупцијата и организираниот криминал. Државите од Западниот Балкан го гонеа организираниот криминал и ги зајакнаа институциите кои се задолжени за спроведување на мерки за одземање (конфискација), се потенцираат од АИР. Центарот информира дека авторите на извештајот предложиле подобрувања на мерките за одземање и конфискација на имот и презентираа клучни репери за воспоставување на адекватни механизми за собирање на статистички податоци. Тие, исто така, анализирале, примери од добрата практика, кои ќе им бидат од корист на претставници на владите и институциите кои се посветени на продлабочување на нивното знаење во ова поле, како и на јавноста. -Конфискуваната имотна корист од кривични дела станува јавна сопственост и треба да им биде од корист на граѓаните. Поради тоа, државите мора да усвојат мерки кои ќе осигураат таквиот имот да се користи во најдобар јавен (општ) интерес, се вели во соопштението. свс/бк/

Остани поврзан