Конституирано меѓуресорско тело за борба против корупцијата: Зајакнување на меѓуинституционалната соработка и транспарентноста во јавната администрација
- СООПШТЕНИЕ - Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, учествуваше во конституирањето на меѓуресорското тело за координација на активности против корупцијата.

Скопје, 8 април 2025
Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, учествуваше во конституирањето на меѓуресорското тело за координација на активности против корупцијата.
Формирањето на ова тело е значаен чекор во зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка и усогласените напори за ефективно справување со корупцијата, која претставува еден од најголемите предизвици за секое општество.
Министерството за јавна администрација, како дел од овој тим, ќе продолжи со максимални напори за унапредување на транспарентноста, интегритетот и отчетноста во јавната администрација. Само преку заедничка и одлучна акција, ќе се изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба.
Со почит,
Кабинет на Министер за Јавна Администрација
Министерство за Јавна Администрација на Република Северна Македонија
Фото: Министерство за Јавна Администрација на Република Северна Македонија
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.