• петок, 22 ноември 2024

Констатирани низа нерегуларности при акциска контрола на СВР Битола

Констатирани низа нерегуларности при акциска контрола на СВР Битола
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Од страна на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола во содејство со инспектори од Министерството за животна средина и Државниот пазарен инспекторат Битола, денеска во период од 10 до 13 часот била извршена извршена контрола во четири правни субјекти и пет складови на физички лица кои не се регистрирани за вршење дејност -откуп на секундарни суровини-отпад. Како што информираат од МВР при проверка во складовите на физичките лица М. В. (32)и Ф.М. (44) од Битола констатирани биле низа нерегуларности, од кои и непоседување дозвола за вршење на дејност, немање законски неопходна документација, неводење на книговодствена евиденција за откуп и продажба на отпад. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава. свс/сп/

Остани поврзан