• недела, 22 декември 2024

Консеисао се раздели со Порто

Консеисао се раздели со Порто


Порто, 4 јуни 2024 (МИА) – Португалскиот фудбалски гигант Порто потврди денеска дека Серџо Консеисао по седум години минати на клупата ја напушта тренерска должност во клубот.
Консеисао неодамна го обнови договорот со Порто, но изборот на нов клупски претседател во поранешниот тренер Андре Вилаш Боаш доведе до разделба со 49-годишниот стратег.
Според португалските медиуми, Консеисао би можел да го преземе Олимпик Марсеј, а во Порто да биде заменет од неговиот помошник Виктор Бруно.
Консеисао со Порто освои 11 трофеи, од кои последниот на 26 мај по победата со 2-1 над шампионот Спортинг Лисабон во финалето на Купот на Португалија.
Порто ја заврши сезоната во Португалија на третото место, со 18 бода помалку од шампионот Спортинг. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан