• понеделник, 01 јули 2024

Конкурс на ПСУ "Јахја Кемал" за доделување стипендии за средно образование

Конкурс на ПСУ

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - ПСУ "Јахја Кемал" објави конкурс за доделување стипендии за средно образование, на кој може да се пријават ученици од деветтите одделенија, а рокот за пријавување е до 8 април, 2023 година.

На тестирањето за стипендија ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата ќе се полага на македонски, албански, турски и англиски јазик.

Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината.

Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 9 април 2023 во недела во 11.00 часот, а пријавувањето е на веб страницата.

За ПСУ "Јахја Кемал"-Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ“ 11 Октомври“-Куманово, ООУ “Ванчо Прке“-Штип, ООУ “Блаже Коневски“-Велес и ООУ “Видео Подгорец“-Струмица.

За ПСУ "Јахја Кемал"-Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Исмаил Ќемали“- Гостивар.

За ПСУ "Јахја Кемал"-Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ “Кочо Рацин“-Прилеп, ООУ “Св. Климент Охридски“-Битола, ООУ “Санде Штерјоски“-Кичево и ООУ “Пенестија“-Дебар. вг/

 

Фото: ПСУ "Јахја Кемал"

Остани поврзан