• петок, 11 октомври 2024

Компани доби поддршка од фудбалерите и од раководството

Компани доби поддршка од фудбалерите и од раководството

Минхен, 10 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерите и раководството на Баерн Минхен го поддржуваат Компани и покрај серијата од три натпревари без победа. 

Како што пренесува „Bayern&Germany“ сите играчи на Баерн целосно го поддржуваат главниот тренер, и покрај серијата од три натпревари без победа. Томас Милер, кој има голем авторитет во соблекувалната во Минхен, јавно го пофали стилот на игра на Компани и покрај тоа што би сакал да добие поголема минутажа.

И почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, е уверен дека Компани ќе успее да ја подобри ситуацијата во тимот. 

Забележано е дека за време на потрагата по главен тренер, која беше придружена со бројни одбивања, раководството на Баерн го консултира Пеп Гвардиола за Компани подетално. Шпанецот дал „многу позитивен“ опис за сегашниот тренер. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан