• понеделник, 23 декември 2024

Компанијата Нексо нов партнер на Барселона

Компанијата Нексо нов партнер на Барселона
Барселона, 28 октомври 2022 (МИА) - Барселона ќе постави реклама за дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) на ракав од дресоот. Деталите од договорот не се откриени, но во план е да бидат обелоденети пред почетокот на Светското првенство во 2022 година. Вреди да се напомене дека зделката е слична на онаа со Беко - ова партнерство на Барселона и донесе 19 милиони евра по сезона. Раководството на каталонскиот фудбалски гигант бара начин да се консолидира по запаѓањето во финансиска криза во последниве две-три години. зс/

Остани поврзан