• петок, 22 ноември 2024

Комисијата за одбрана и безбедност ја прифати предлог одлуката за продолжување на кризната состојба

Комисијата за одбрана и безбедност ја прифати предлог одлуката за продолжување на кризната состојба
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) – Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница   ја прифати предлог одлуката на Владата за продолжување на кризната состојба во земјава и ја проследи до Собранието, кое, како што е најавено, утре ќе одржи пленарна седница. Кризната состојба, со претходна одлука на Собранието, е до 30 јуни годинава. Сега таа се продолжува за наредните шест месеци, почнувајќи од 1 јули 2021 до 31 декември 2021 година. Претседателот на Комисијата Миле Талевски за МИА изјави дека на седницата присуствувале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директоторот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Од нивна страна, како што рече, беше изнесена она што било дискутирано на Владата и ја пренеле одлуката на Владата до Комисијата. - Комисијата отвори дебата. Се разгледаа можности и предлози и се донесе одлука да се проследи до Собранието, на пленарна седница што ќе се одржи утре, изјави Талевски. Тој појасни дека собраниската Комисија за одбрана и безбедност има само обврска да ја проследи и да отвори дебата по нејзината работа.мд/лв/

Остани поврзан