• понеделник, 23 декември 2024

Колумбија забрани корида

Колумбија забрани корида

Богота, 23 јyли 2024 (МИА) - Колумбискиот претседател Густаво Петро го објави Законот за забрана на борбите со бикови во оваа латиноамериканска земја, со што се означи крајот на коридата, како практика признаена во Уставот, како дел од националната култура.

Пред голем број активисти и луѓе собрани синоќа во центарот на главниот град Богота, Петро го прогласи потпишувањето на Законот против корида познат како „Нема веќе 'оле',“ со којшто, според колумбискиот претседател, се става крај на „правото да се убиваат“ животни заради „спектакл“. Ова е исходот од преиспитувањето на одлуката на Уставниот суд од 2018 година со којашто беше одобрено одржување на корида во градовите и селата, поради традицијата во земјата.

- Културата, а уште помалку судовите, не можат да кажат дека, да се убиваат чувствителни суштества, живи суштества, заради задоволство - е дел од културата. Ако се забавуваме убивајќи животно, тогаш би се забавувале и убивајќи луѓе, рече Петро.

Нацрт-законот е првично усвоен од Конгресот кон крајот на мај. Законот важи за целата држава и забранува какви било настани, т.е. спектакли поврзани со коридата. Местата каде што досега се одржувале борбите со бикови можеби ќе се претворат во културен простор.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан